Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ќе ги брани боите на Македонија на Летните олимписки игри во Париз, а пред трката кажа дека се чувствува одлично и е подготвен за трката.
Ивановски посочува дека е подготвен за настапот на трката на која ќе се обиде да оствари што е можно подобар резултат.
„Целиот живот се подготвувам за овој настап. Овие три недели одлично ја темпирам формата. Мојата форма се зголеми и енергијата е прекрасна со сите спортисти околу мене. Се чувствувам подготвен за предизвикот. Очекувам да бидам во првата половина и да истрчам добра трка. Сакам цела Македонија да ужива“, кажа Ивановски.
Трката е закажана за утре, 10 август, со почеток од 8 часот.