Францускиот гигант Пари Сен Жермен е подготвен да ја удвои платата на 22-годишното крило на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, во споредба со платата што му ја понудила Барселона, објавува каталонски „Спорт“.
Според изворот, тренерот на парискиот клуб, Луис Енрике, е лично заинтересиран за трансферот на Вилијамс. Во последните неколку недели, ПСЖ имал контакт со претставниците на играчот за да ги разјаснат деталите околу потенцијалниот договор со него.
Барселона смета дека нивната понуда е сè уште поатрактивна, бидејќи Нико Вилијамс нема да треба да ја напушти Шпанија, а играчот е во добри односи со многу од фудбалерите на каталонците.
Во минатата сезона, Нико Вилијамс учествуваше во 48 натпревари, на кои постигна 10 гола и забележа 24 асистенции. Сегашниот договор на играчот со баскијците е до 2027 година.