Напаѓачот на Барселона Пјер Емерик Обамејанг одлучи да не игра повеќе за репрезентацијата на Габон со што ќе го насочи фокусот само на настапите за клубот од „Ноу Камп“. Оба-Оба замина од Арсенал за да го облече дресот на Барселона, а сега одлучил да стави крај на репрезентативната кариера.
„13 години ја презентирав мојата држава. Одлучив да ставам крај на интернационалната кариера. Им се заблагодарувам на габонскиот народ и на оние кои ме поддржуваа во добро и во лошо“, пишува во соопштението на Оба.
Инаку тој беше капитен на популарните „пантери“ за кои одигра 72 натпревари и постигна 30 голови.
Го предводеше Габон на Летните Олимписки игри во Лондон 2012, потоа на Африканскиот куп истата година, потоа на Африканскиот куп во 2015 година, во 2017, а не настапи на истиот турнир оваа година поради тоа што беше заболен од Ковид-19.