Францускиот гигант Пари Сен Жермен е силно заинтересиран за ѕвездата на Ливерпул, голгетерот Садио Мане. „Светците“ се вклучуваат во трката покрај Баерн Минхен и Барселона.

Сенегалецот на лето влегува во последната година од договорот со „црвените“, а преговорите за продолжување на соработката засега не донесоа „дил“.

ПСЖ сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Париз, бидејќи веруваат дека тој би бил одлична замена за Килијан Мбапе кој е пред заминување во Реал Мадрид.

ПСЖ се уште не започнал преговори со Ливерпул, но „светците“ стапиле во контакт со агентот на Мане и му понудиле богат договор.