Фудбалерите на Партизан ќе играат во 1/16 финалето од Лигата на конференциите против Спарта Прага.
Ждрепката во Нион црно-белите и ја доделија на Спарта од Прага, а топката ја извлече Лорик Цана, поранешниот албански репрезентативец.
Првиот натпревар од нокаут фазата Партизан ќе го одигра на 17 февруари 2022 година на гости, а реваншот на 24 февруари на својот стадион.
Лига на конференции 1/16 финале
Спарта Прага – Партизан
Марсеј – Карабах
ПСВ – Макаби Тел Авив
Фенербахче – Славија Прага
Митјиланд – ПАОК
Селтик – Бодо
Лестер – Рандерс
Тотенхем / Витесе – Рапид Виена