Актуелниот шпански првак Барселона синоќа направи уште еден голем кикс откако одигра само 3-3 против Гранада, амалку фалеше и да го загуби натпреварот. Позитивно од вчерашниот дуел за Каталонците може да биде само извонредниот настап на младиот Ламине Јамал, кој за жал не успеа да стигне до триумф.
Јамал стана најмладиот фудбалер кој постигнал два гола на еден натпревар од Ла Лига.
Тој исто така стана најмладиот фудбалер во Шпанија кој стигнал до 10+ голови и асистенции заедно.
Јамал има само 16 години и 213 дена.