Манчестер Сити го победи ПСЖ со 2-1 во петтото коло од Лигата на шампионите. ПСЖ поведе од 50. минута со голот на Килијан Мбапе, а потоа Сити со пресврт стигна до победа преку Рахим Стерлинг во 63. и Габриел Жесус во 76. минута.
ПСЖ е еден од најголемите фаворити за освојување на Лигата на шампионите, но многумина мислат дека не можат да стигнат до крај. Тоа најмногу се однесува на неможноста да се игра квалитетен пресинг, во кој Лионел Меси е во водство со назаинтересираноста да трча по противничките играчи. Тоа го коментираше легендарниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт.
“Тоа навистина ме растажува. Тоа е прашање на желба. Меси на теренот изгледа слаб ако не постигне гол и асистира. Тој го одигра овој натпревар лошо. Кога ќе го видите Роналдо, тој се бори и сака да го подигне тимот на повисоко ниво. Меси шета на теренот и го прашувам „Не му е срам? Почнав да се нервирам поради тоа. Тој е играч каков никогаш повеќе нема да се роди. Откако соработуваше со Куман, како да не му се игра фудбал“, рече Холанѓанецот во анализата на натпреварот.