Имобиле погоди на асистенција на српската ѕвезда Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 68-та минута откако тотално доминираше на мечот и на противниците не им допуштија ни еден директен шут во голот, а Алберто во седмата минута од надополнувањето само го завери триумфот.
Лацио со победата сега има 11 бода и е шестопласирана, три помалку од лидерското трио Наполи, Милан и Аталанта, два од четвртиот Удинезе, а бод зад петтиот Интер. Верона, пак, ја запиша третата „нула“ и остана само на пет бода и е на 14-то место на табелата.