Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски го постигна својот трет гол сезонава и ја најави новата победа на Спартак Трнава, која славеше со 2-0 кај Тренчин во десетото коло во најсилната лига на Словачка.

Ристовски погоди во 27-та минута за водство од 1-0, а Коса седум минути во вториот дел го дуплираше водството и ја обезбеди победата со која Спартак Трнава сега дојде до 18 бода и се искачи на третото место на табелата.

Македонскиот репрезентативец покрај трите гола досега во сезоната има уште и две асистенции.