Загребчаните водеа со 2-0 и имаа на тацна пласман во фазата по групи, бидејќи и 90. минута помина а водството уште важеше. Сепак во судиското продолжение почна лудиот финиш, во режија на Хичкок.
АЕК постигна гол за 1-2 во 92. минута! По еден корнер, одбраната не расчисти најдобро, топката дојде до Араухо, кој беше во шеснаесетникот и биеше прецизно. Се очекуваа продолженија, кога главниот судија Еспен Ескас од Норвешка беше повикан од ВАР-собата да прегледа една ситуација во шеснаесетникот.
Судијата покажа на белата точка, а Ливаковиќ го одбрани пеналот на Гарсија, но му пресуди поранешниот „динамовец“ од редовите на АЕК, Домагој Вида за 2-2. Ова се случуваше во 95. минута, по што Динамо ниту беше моќен, ниту имаше време да се врати.
Претходно, Шутало во 47. минута од првиот дел и Љубичиќ во 65. погодија за водството од 2-0. Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за хрватскиот шампион.