Верона имаше добар старт на мечот, но само го налути Милан кој славеше со 3-1 и освои нови три бода со кои се врати на врвот во италијанската Серија А.

ВАР-технологијата му поништи гол на Тонали во 16. минута поради офсајд, а потоа Фараони погоди за шок на гостите и водство од 1-0, но тоа не траеше долго бидејќ Тонали погоди за 1-1 во завршницата на првиот дел.

Тонали го отвори второто полувреме со гол за 2-1 во 50. минута, а Флоренци во финишот погоди за 3-1 и потврда на победата.

Милан има 80 бодови на првата позиција, односно два повеќе од Интер на две кола пред крајот на сезоната.

Standings provided by SofaScore LiveScore