Швеѓанецот до своето прво злато во кариерата дојде со време од 6:08,84 и притоа постави нов олимписки рекорд. Среброто му припадна на Патрик Роест од Холандија, кој заостана 47 стотинки, додека Норвежанецот Халгеир Енгебратен беше трет и ја освои бронзата.
За Шведска ова беше прво злато во брзо лизгање уште од 1988 година.