Леброн Џејмс се врати во составот на Лос Анџелес лејкерс по пет натпревари поради проблеми со коленото и запиша трипл-дабл во победата од 122-115 по едно продолжение против Њујорк.

Лејкерс одиграа очајно прво полувреме во кое имаа и негатива од 21 поен, но Џејмс ги разигра соиграчите и ги водеше до победата со 29 поени, 13 скока и 10 асистенции. Малик Монк постигна 29 поени, а Ентони Дејвис имаше 28 поени 17 скока. Кај гостите од Њујорк најдобар беше Ар Џеј Барет со 36 поени, додека Џулиус Рендл имаше 32 поени и 16 скока.

 

Актуелниот шампион Милвоки предводен од Боби Портис со 30 поени и Јанис Адетокумпо со 29 поени стигна до триумф од 137-108 на гостувањето кај Портланд.

 

Феникс исто така славеше на гостински паркет со 95-80 против Вашингтон.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Мајами 86-104
Сакраменто – Оклахома 113-103