Карл Смејн загина кога го затрупала лавина на скијање во Јапонија. Смејн на 32 годишна возраст е поранешен светски шампион во халф-пајк скијање.
Кајл Смејн скијал на планината Хакуба Норикура во Јапонија. Скијал со тројца пријатели кога оддеднаш започнала лавина која ги затрупала. Тој и уште еден од пријателите загинале, двајца други се спасиле.
„Тоа беше кошмар. Адам, Кајл и уште еден скијач се обидоа да избегаат. Адам 25 минути помина закопан на длабочина од еден и пол метри. Чудно е дека успеа да преживее. Кајл за жал не преживеа, лавината го отфрлила 50 метри во воздух, па го затрупала. Во близина беа доктори кои дојдоа да ни помогнат, но за жал немаше спас. Адам и јас ова ќе го паметиме до крајот на животот. Не знам како ќе живееме со тие слики во главата“, изјави Грант Гундерсон, фотографот кој ги снимал авантурите на Смејн.