Ракометарите на Вардар вечерва во 20 часот го играат реванш натпреварот од четвртфиналето на СЕХА – Газпром лигата против Загреб. Вардар допатува во Загреб со предност од 4 гола. Влогот е голем, Фајнл фор од СЕХА-Гаспром лигата, што веќе е закажан за викендов во Задар.
Пред почетокот на натпреварот предводникот на Загреб со изјава за вечерашниот натпревар:
“Ја анализиравме играта од првиот натпревар и не сме задоволни од играта во напад, а особено од крајот на мечот. Со оглед на се, сметаме дека разликата е превисока на крајот. Иако имаме тешка задача пред нас, направивме добра анализа за последните три дена и се фокусиравме на поправање на недостатоците. Заедно ќе дадеме сила и ќе го искористиме секој атом за поволен резултат. Веруваме дека можеме да го сториме тоа и дека можеме да се справиме со екипата на Вардар и убедени сме дека имаме сила, знаење и можности да се пласираме на Фајнл Фор следниот викенд во Задар.” – изјави Обрван