Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди термините за осминафиналните натпревари во елитната Лига на шампиони (ЛШ), каде што македонскиот шампион Вардар ќе се соочи против поранешниот европски првак Веспрем.

Првиот меѓусебен дуел ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ на 31 март во 18.45 часот, додека реваншот ќе се игра седум дена подоцна, односно на 6 април со почеток во исто време.

Вардар минатата сезона загуби двапати од унгарскиот гигант во плејофот, и тоа со 27-41 и 30-39, па ова ќе биде голема шанса за одмазда.