Кире Лазаров, селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, објави скратен список на ракометари за квалификациите од Европското првенство (ЕП), кое ќе се одржи во 2024 година.
На списокот на Лазаров се наоѓаат и двајца ракометари на Пелистер, Мартин Велковски и Марио Танкоски, кои по пауза се враќаат во репрезентацијата.
Првиот натпревар Македонија го игра на домашен терен на 9 март, додека реваншот е на 12 март во Порто. И двете репрезентации стартуваа со две победи, нашата репрезентација ја дели само една победа до посакуваниот нов пласман на континенталните натпреварувања.