Барса ќе биде сериозно ослабена, бидејќи поради повреди ќе отсуствуваат главните полуги на каталонците-Педри, Дембеле и Левандовски.
„Знаеме дека Реал Мадрид е исклучително тежок противник. Овие два натпревари ќе бидат сосема различни во споредба со Ла Лига или Лига Европа. Одиме во Мадрид за да победиме и да покажеме кои сме. Ќе дадеме сѐ од себе за да го освоиме овој трофеј“, изјави Чави на прес-конференцијата пред натпреварот во Мадрид.
Тој посочи дека Реал минатата сезона ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите, а оваа сезона Светското клупско првенство.
„Реал е фаворит за освојување на Копа дел Реј. Тие се актуелни европски шампиони и шампиони на Шпанија. Не е важно што го освоивме Суперкупот. Секогаш сум возбуден кога играме на “Сантијаго Бернабеу”. Овој натпревар е помотивирачки од кој било друг бидејќи и самиот сум навивач на Барселона. Феноменално е чувството да се победи во Мадрид“, изјави тренерот на Барселона.
„Тие освоија бројни трофеи во изминатите неколку години. Имаме добри спомени на „Сантијаго Бернабеу“, но сега приказната е поинаква. „Ел Класико“ е најголемиот натпревар во светот а меѓу Реал и Барселона секогаш има фудбалска почит. Тие се фаворити, но ние доаѓаме да победиме“, заврши Чави.