За да изгледа подобро, посилно и посвежо, фудбалерот на Палмеирас, Габриел Менино, се обиде да јаде како Кристијано Роналдо во сезоната 2020/21, но тоа скапо го чинеше.
Тогаш Габриел не добиваше голема минутажа на теренот, па реши да ја копира диетата на Роналдо, но не успеа.
– Бев во границите на мојата тежина, но сакав да го сменам тоа. Разговарав со нутриционистот на Палмеирас и го замолив да ми ја запише исхраната на Кристијано. Почнав диета и веќе следниот ден двајцата бекови беа повредени. Кој требаше да игра? Јас!
– Диетата беше ваква: јајца и суплементи за појадок, суплементи пред тренинг, риба и салата за ручек, риба и повторно салата за вечера, и повеќе додатоци пред спиење – објасни бразилскиот фудбалер, а потоа опиша како изгледало кога бил добил шанса да заигра.
– Не можев да трчам. Се загреав и помислив „ќе умрам“. За пет минути игра не можев повеќе да издржам, мораа да ме извадат од игра – опиша Менино.
Инаку, оваа сезона е стандарден првотимец во тимот на Палмеирас, одигра 11 натпревари и три пати се запиша меѓу стрелците.