На египетските екипи на Модерн Фјучр и Пирамидс во полуфиналето им беа потребни 34 удари од белата точка за да одлучат кој ќе се пласира во финалето од Суперкупот на Египет.

На крајот, со 14-13 победи Модерн Фјучр кој во пресметка за титулата ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Ал Ахли и Клеопатра. По основните 90 минути, резултатот беше 0-0, а Пирамидс загубија откако го промашија својот четврти пенал во серијата. Интересно е тоа што бекот на Пирамидс, Осама Галал шутна два пенала и двата ги промаши, вклучувајќи го и оној кој ја запечати судбината на неговиот тим.

 

 

И покрај тоа што беа изведени 34 пенали, тоа не е ни блиску до светскиот рекорд. Него го држат англиските аматерски екипи Вашингтон и Бедингтон кои во март 2022 година изведоа 54 пенали за на крајот да победи Вашингтон со 25-24.