Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е главна тема во шкотските медиуми. Екипата на Абердин ќе има многу проблеми да го задржи својот најдобар стрелец уште оваа зима. Штипјанецот игра одлично веќе втора сезона во клубот од Абердин и понудите секојдневно пристигнуваат на адреса на клубот.
Први се јавија шкотските гиганти Селтик и Глазгов Ренџерс, а последните клубови кои шкотските медиуми ги поврзуваат со Миовски се Саутемптон и Болоња. По пласманот во финалето на Лига Купот на Шкотска, Абердин исполни една од целите за оваа сезона, во која настапи и во Кинференциската лига.
Абердин не сака да го продаде својот најдобар играч, меѓутоа ако стигне добра понуда не би ја одбиле. Според медиуми во Шкотска, клубот би прифатил да го продаде играчот. Се споменува дека тие очекуваат да заработат рекордна сума за трансферот, а тоа би било над пет милиони евра.
Миовски минатата сезона постигна осумнаесет голови во шкотската Премиер лига, додека годинава има тринаесет гола.