Манчестер Јунајтед и Њукасл обезбедија пласман во полуфиналето на Лига купот на Англија, отако остварија сигурни победи против Чарлтон и против Лестер.

Јунајтед славееше со 3-0 над Чарлтон, а Маркус Рашфорд потврди дека е во одлична форма со два гола во финишот, иако одигра само половина час во вториот дел. Првиот гол беше дело на Антони.

Њукасл во второто полувреме го скрши отпорот на Лестер, триумфирајќи со 2-0 со погодоците што ги постигнаа Брн и Жоелинтон.