Новак Ѓоковиќ лесно, со само шест изгубени гема го совлада шпанецот Запата Мираљес, а Стефанос Циципас е елиминиран од Швајцарецот Штрикер во пресметка која траеше повеќе од четири часа, додека Кинезот Жанг сензационално го исфрли Каспер Руд.

Шпанскиот тенисер Запата Мираљес само во првиот сет му пружи отпор на Новак Ѓоковиќ, Србинот го доби со 6-4. Во следните два Ноле беше подобар со 6-1 и 6-1 и со 3-0 помина понатаму.

Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против неговиот сонародник Ласло Ѓере кој со 3-0 беше подобар од Французинот, Гастон.

Изненадувачка елиминација доживеа седмиот носител Стефанос Циципас кој беше совладан од 128. тенисер во светот, Швајцарецот Доминик Штрикер со 5:7, 7:6, 7:6, 6:7, 3:6.