Холандски ПСВ го декласира шкотски Ренџерс со 5-1 и обезбеди групна фаза во ЛШ, белгискиот  Антверпен со гол во 95. минута го елиминира АЕК, а дански Копенхаген со реми против Раков го продолжи настапот во најелитното европско натпреварување.

Тоа се трите последни учесници во групната фаза во ЛШ.

Во Ајндховен, ПСВ го здроби Ренџерс со 5-1. Саибири го отвори резултатот во 35. минута, а истиот играч на стартот од вториот дел зголеми на 2-0.

Таверние во 64. минута ја врати надежта кај гостите, но кратко потоа Де Јонг погоди за 3-1. Вермен во 78. минута ги реши сите дилеми, а Голдсон си постигна автогол за конечни 5-1.

 

Антверпен со победа од 1-0 отпатува во Атина на дуел со АЕК, а и од таму си оди со победа.

Керк реализираше во 73. минута за 0-1, Араухо изедначи на 1-1 во 90. минута, и кога домаќините се понадеваа дека можеби ќе обезбедат продолженија, Баликвиша во 95. минута погоди за 1-2.

 

Копенхаген дома одигра 1-1 со Раков, но благодарејќи на победата од првиот натпревар во Полска, ќе биде дел од најелитното европско натпреварување.