Фудбалерите на Челзи во третото коло од новата сезона во Премиерлигата, предводени од Маурисио Покетино, конечно, се израдуваа на победа и тоа убедлива со 3-0 против Лутон.

Херој на вечерта беше напаѓачот Рахим Стерлинг, кој потсети на своите најдобри денови, постигнувајќи ги головите за 1-0 во првото и за 2-0 во второто полувреме. Деби гол во Премиерлигата постигна Џексон, на 15 минути до крајот, поставувајќи го конечниот резултат.

Ова е прва победа за Челси, откако во првото коло одигра 1-1 со Ливерпул, а во второто загуби со 1-3 кај Вест Хем.