Кралскиот клуб Реал Мадрид ја оствари и третата победа во Ла Лига, а повторно херој на „кралскиот клуб“ беше новата инвестиција Џуд Белингам. Англичанецот го постигна единствениот гол и на „Балаидос“ против Селта во триумфот од 0-1.
Белингам во 81.минута со удар со глава успеа да ја затресе мрежата на Селта. Тоа е негов четврти гол во Ла Лига оваа сезона, а Реал има максимални три победи, сите на гостински терен.
Претходно, во 68.минута Родриго не успеа да искористи пенал, а Винисиус Жуниор се повреди во 18.минута и беше заменет.