Швајцарецот Николас Хас со голот уште во 11-та минута донесе многу важна победа за Емполи, само втора сезонава против залетаната Монца која беше во серија со три триумфи по ред, во денешното десетто коло во Серија А.
Иако Монца доминираше на теренот, имаше огромни 64 отсто посед на топката, еден момент од стартот на мечот беше доволен за Емполи да дојде во водство и до крајот да не го испушти за да запише три бода па да се смести во средина на табелата.
Емполи сега ја прескокна Монца и има 11 бода на 11-то место, а дебитантот во Калчото остана на 10 на 13-та позиција од табелата.