Репрезентацијата на Македонија со победа од 3-1 над Данска стартуваше на ЕП во одбојка, на кое е домаќин и Македонија. Тргнавме со голема победа на историскиот настан за нашата земја.
Македонските одбојкари имаа перфектен старт на ЕП на кое и ние сме домаќини. Данците беа еден од противниците кои мора да ги добиеме за да ја одржиме надежта за пласман во следната фаза.
Во првиот дел од првиот сет се играше изедначено, при предност од 13-12 за Македонија, Данците направија серија од 4-0, и ја задржаа таквата позитива до самиот крај добивајќи го сетот со 25-22.
Вториот сет го вративме со иста мера на скоро идентичен начин, 25-22 .
Третиот сет го почнавме доминантно, имавме 6-2, во воведниот период, зголемивме и на 10-5. Македонските одбојкари не дозволија пад на концентрацијата и убедливо го добивме сетот со 25-19, поведовме со 2-1 во сетови.
Четвртиот сет беше тесен, Данска имаше предност од 22-11 кога Македонија направи серија од 4-0 и го доби сетот за победа од 3-1. Голем триумф на македонските одбојкари за добар настап на овој историски шампионат за нас.
Капитенот Никола Ѓоргиев со 17 поени беше најефикасен, одличен беше и Љафтов со 15 поени, Маџунков имаше девет.