Во финалето во Катовице „азурите“ ја совладаа Полска со резултат 3:1 (22:25, 25:21, 25:18, 25:20) и на тој начин ја соборија селекцијата на Никола Грбиќ од светскиот трон, што го одржуваат од 2014 година. Притоа го обединија европското и светското злато,

Полска нема да им се придружи на Италија (1990, 1994, 1998) и Бразил (2002, 2006, 2010) како единствени селекции кои три пати по ред го освоиле Светското првенство. Не дека немаа голема можност за тоа, со оглед на тоа што играа пред домашната публика и беа максимално, донекаде необјасниво, привилегирани.

Ова беше и прво финале по 24 години без Бразил, но „Селесао“ може да се задоволи со бронзениот медал кога ќе ги погледнеме сите проблеми низ кои поминаа со повредите.

Не се чинеше дека актуелните европски шампиони така лесно ќе стигнат до првиот златен и воопшто медал од Јапонија во 1998 година по првиот сет што им припадна на Полјаците. Тоа беше промена за таа селекција по четвртфиналните и полуфиналните мечеви кои отидоа во пет сета.

Недостигаа Кубјак, Новаковски, Леон. Курек и Семенјук беа таму, но тоа не беше доволно. Преголема беше моќта на младите Италијанци за Полска, која не разочара, но ќе има за што да жали.

Кој друг би можел да биде најефикасен во победничката екипа покрај Даниеле Лавиа со 19 поени, но душата на овој тим е капитенот Симоне Џанели, кој од позицијата техничар успеа да постигне дури седум поени. Покрај Лавиа, ефикасни беа и Алесандро Мицилето со 14 и Јури Романо со 13 поени.

На спротивната страна се истакнаа Александар Шливка со 12 и Камил Семенјук со 11 поени.

https://twitter.com/volleyballworld/status/1569070724026966016?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1569070724026966016%7Ctwgr%5E84e746d020aa5dff0c4c3f153fd395c9de7c4029%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fodbojka%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D09dd%3D11nav_id%3D2212240