Македонката ѝ одржа лекција на фаворитката, која е за повеќе од педесетина места подобро пласирана на ВТА-листата и ја совлада за помалку од еден час. Ѓорческа имаше по три брејка во двата сета, а само еднаш го загуби својот сервис и тоа на стартот од вториот сет по што врати со освојување на следните шест гема во низа.
Противничка за пласман во големото финале ќе ѝ биде француската тенисерка Кристина Младеновиќ, која во 2017 година беше дури десетта на ВТА-листата, а која сега е 232. тенисерка на светот за разлика од нашата Лина која е за 13 места подобропласирана според овој ранкинг.