Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, на турнирот од ИТФ серијата во Тунис го совлада Ленид Боика со 2-1 во сетови.
Македонецот го доби првиот сет со 6-3, а вториот го загуби, па нашиот тенисер решавачкиот сет го доби со 6-0.
Во следната рунда, Ивановски ќе има пресметка со подобриот од дуелот помеѓу Французинот Тепмак и Австралиецот Еванс.