Стеф Кари по подолга пауза се врати на паркетот и го водеше шампионот до победа. Голден Стејт Вориорс триумфира на гостувањето во престолнината кај Вашингтон Визардс (118-127). Во изедначен натпревар, шампионот во самата завршница успеа да го крене темпото и да дојде до победата. Кари постигна 41 поен, а голема помош имаше од Пул со 32, колку што имаше и Порзингис во таборот на Визардси.

 

На останатите натпревари Милвоки беше подобар од Индијана (132-119), Атланта го совлада Мајами (121-113), Торонто славеше кај Никси (121-123), Јута минимално ја доби Минесота (125-126), Кливленд триумфира со Њу Орлеанс (113-103), а Мемфис победи против Феникс (136-106).