Ѓорческа елиминирана на стартот на квалификациите на Австралијан опен. Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше поразена од Катарзина Кава со 1-2 во сетови, односно 5-7, 6-4 и 3-6 во првото квалификациско коло на АО.

Ѓорческа водеше голема борба против искусната тенисерка од Полска, а во првиот сет имаше водство од 5-4, но го загуби со 5-7.

Во вториот сет Ѓорческа направи еден брејк кој ѝ беше доволен за да го освои со 6-4, но во последниот немаше среќа, а решавачкиот момент се случи во осмиот гем кога Кава поведе со 5-3 по што немаше враќање за македонската тенисерка па го загуби мечот.