Контроверзниот претседател на Славија Софија, Венцислав Стефанов по вчерашните провокативни изјави продолжи во ист стил и. Вчера доби одговор од капитенот на Македонија Стефан Ристовски на социјалните мрежи, а по завршувањето на натпреварот тој даде уште една изјава како провокација кон Македонија.
„Моето потекло е од Битола, но јас не сум Македонец, јас сум Бугарин. Нека знаат големите патриоти од Македонија дека Македонија е Југозападна Бугарија. А за вчерашниот меч што да кажам. Судијата ни ја украде победата. Тоа беше чист пенал, тој им помогна на гостите да не загубат. Тие ништо не играа, реално немаше опасности пред нашиот гол“ – со голема доза на иронија искоментира Стефанов, кој изгледа дека гледал некој друг натпревар а не оној во Разград.