Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Бруклин со резултат 110:106, во дербито на вечерта на НБА лигата.
Вориорс имаа +19 во третата четвртина, во еден момент од четвртата ја испуштија таа предност, но сепак стигнаа до триумф во финишот.
Херој беше Клеј Томпсон, кој погоди тројка при резултат 104:103, а на пет секунди до крајот реализираше две слободни фрлања, со што ја потврди победата на својот тим.
Тој имаше 16 поени, шест скока и две асистенции, не беше најефикасниот поединец на натпреварот, ниту во својот тим , но погодуваше во клучните моменти.
Ендрју Вигинс по тој параметар беше подобар од соиграчите со 24 поени и осум скока, потоа Стеф Кари со 19 поени, осум асистенции и седум фатени топки, Пул додаде 17, а Портер 16 поени.
Кај Бруклин, за кој не настапи Џејмс Харден, Кајри Ирвинг постигна 32 поени, а имаше и седум скока и асистенции. Го следеше Пети Милс со 24 поени, четири скока и исто толку асистенции.
Вориорс ја продолжија победничката серија, ова е нивна петта победа во низа и моментално се втори на Западот со скор 37-13.
Ова е четврти пораз во низа за Нетси, кои се одлепија на шестата позиција на источната табела која ја држат со учинок 29-20.
https://www.youtube.com/watch?v=27fXbXs2hNM
Резултати од НБА:
Маверикс – Пејсерс 132: 105
Пеликанс – Селтикс 97:107
Сиксерс – Кингс 103: 101
Гризлис – Визардс 115: 95
Хит – Репторс 120: 124
Вориорс – Нетс 110: 106