Јувентус во првиот меч постигна гол уште во првата минута преку Душан Влаховиќ, кој се очекува да биде предводник на составот и вечерва, додека Алегри не може да смета на Кјеза, Бонучи, Сандро и Мекени.
Вилјареал, исто така, имаше големи проблеми на почетокот на сезоната, меѓутоа успешно се врати во борбата за топ-4. Шпанскиот тим минатата сезона играше одлично во Лига Европа и го освои пехарот, па така тренерот Унај Емери докажа дека е специјалист за натпреварувањето, но вечерва ќе му треба изненадување.
„Јувентус се тим со јасни идеи. Тие не доминираат против противниците, туку се борат до крајот и се прилагодуваат на ситуацијата. Го гледав Влаховиќ само на снимки, но во живо е ѕвер“, кажа Жеереми Пино. Aктуелниот европски шампион Челзи има предност од два гола во дуелот со францускиот Лил.