Усман Дембеле се уште го нема решено својот статус во Барселона, а му останува се помалку време.Зимскиот преоден рок завршува на 31. јануари, а каталонскиот гигант мора да се обиде да најде решение кога станува збора за овој фудбалер.
Французинот ја искомплицира ситуацијата откако одби да го продолжи договорот со Барселона, неговата цел е без обештетување да го напушти клубот на крајот на оваа сезона, но не очекуваше дека ќе биде казнет поради тоа.
Раководството на клубот и тренерот Чави Хернандез одлучија да не биде во конкуренција за мечевите, а тоа може да се промени само ако ја промени својата одлука.
Со оглед на тоа дека Дембеле не сака да го продолжи договорот јасно е дека најдобро ќе биде да го напушти тимот до крајот на јануари, во спротивно ќе остане на трибините.
Шпанските медиуми пишуваат дека Премиер-лигата е една од неговите опции, за него заинтересирани се Јунајтед, Њукасл и Челзи. Сите се во преговори со Барселона и подготвени се да дадат 20 милиони долари, но Дембеле се чини не е презадоволен.
Покрај англиските клубови интерес за него покажа и ПСЖ, но се уште нема конкретна понуда, се надеваат дека Дембеле на лето ќе дојде без обештетување.
Останува да видиме дали денеска и утре ќе се случи нешто.