Екипата на Интер Мајами не успеа да дојде до победа во 29. меч во МЛС-лигата, одигра само реми против Орландо Сити (1-1).

Овој бод го остави тимот на Дејвид Бекам на 27. место во поредокот, само два тима се зад нив, додека пак Орландо Сити е на третата позиција, со 11 поени зад лидерот Синсинати.

И овој пат во составот на Интер Мајами ги немаше двајцата клучни играчи. Лионел Меси поради повреда е надвор од составот, од истата причина не играше Алба, додека пак Бускетс доби поштеда.