Македонија полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022 против Италија ќе го игра и официјално на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.
Италијанската фудбалска асоцијација официјално одлучи бараж натпреварот да се игра во Палермо.
Овој избор дојде откако отпаднаа Торино, Рим и Болоња како градови домаќини.
Торино не е погоден поради настаните поврани со Јувентус со сомнителните финансиски трансакции. Олимпико во март ќе биде домаќин на четири настани, вклучително Италија-Шкотска во рагби натпревар, и се очекува теренот да биде раскопан и во ложа состојба, а Болоња е изземена поради можни лоши временски услови.
„Се сретнавме со Роберто Манчини и го одбравме Палермо“ – изјави Габриеле Гравина, претседател на Италијанската фудбалска асоцијација.
Баражот меѓу Италија и Македонија се игра на 24. март 2022 со почеток од 20:45 часот.