Германците имаа можност на средината на првото полувреме да поведат, но голот на Јонас Хофман беше поништен поради офсајд. Сепак, фудбалерот на Борусија Менхенгладбах повеќе среќа имаше при вториот обид во 50. минута, кога стрелаше за 1-0.

Избраниците на „Гордиот Албион“ напаѓаа и бараа барем реми во мечот, а отпорот на домаќинот беше скршен дури во 88. минута, кога Кејн ја затресе мрежата на Мануел Ноер.

Италија е прва во групата со четири бодови, по што следи Унгарија со три, Германија има два, а Англија е последна со само еден бод.

Босна и Херцеговина беше подобра од Романија со 1-0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Смаил Превљак во 68. минута, па со новата победа се искачи на првата позиција која ја дели со Финска со по четири бодови, додека Црна Гора има три бода.