Кралскиот клуб многу потешко од очекувањата дојде до победа против Алемрија која води тешка битка за опстанок.
Гостите поведоа уште по 38. секунди игра со гол на Рамазани, а во финишот од првиот дел Гонзалез зголеми на 2-0.
Брзо во второто полувреме со интервенција на ВАР, Реал Мадрид доби пенал. Белингем биеше прецизно за намалување на 2-1.
Брзо потоа Алемрија даде гол, но ВАР повторно му помогна на Реал Мадрид, овојпат имаше чист фаул врз Белингем по што голот беше постигнат.
Во 67. минута Винисиус даде гол за 2-2. Погодокот прво беше поништен поради играње со рака, но потоа со помош на ВАР се виде дека сепак е рамо.
Поради честите прекини имаше големо судиско продолжение, а во 99. минута по асистенција од Белингем, Карвахал погоди за победа на Реал Мадрид од 3-2.
Голот на Винициус против Алмерија:
Погодокот е во најмала рака спорен, пред сè бидејќи Винициус свесно направи движење со раката за да ја удри топката. Веројатно сентиметри одлучуваа, а проценката на главниот судија беше дека голот беше регуларен. Покрај тоа, претходно Алмерија даде и гол за 1-3 кој беше поништен поради минимален контакт на средината од теренот над Белингем.