Главната ждрепка на Ролан Гарос сеуште не е започната, а веќе ги имаме првите вести за потенцијално наместен натпревар.
Според францускиот „Тим“ е доведена во прашање регуларноста на натпреварот од првото коло од квалификациите меѓу Шпанецот Бернабеу Запата Мираљес и Израелецот Дуду Села.
Надлежните органи го оспоруваат вториот сет во кој, како што се наведува имало огромни уплати. Шпанецот тој дел од играта го доби со резултат 6:0, откако во првиот дел од играта беше подобар со 6:3.
https://twitter.com/mandonesh1/status/1527374561368735744?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527374561368735744%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2157700
Веднаш е покрената истрага, а се посочува дека „под лупа“ е 37-годишниот Села кој го загуби вториот сет за 17 минути и освои само седум поени.
Сомнежот е отворен поради големи уплати на оператори од Кипар, Ерменија и Украина.