После Австралија опен традиционално продолжуваат настапите на репрезентациите во Дејвис купот, а српските медиуми потсетија на дебито на најдобриот на сите времиња Новак Ѓоковиќ, за репрезентацијата на нашиот северен сосед.
Тие објавија ретки фотографии со 18-годишниот Ѓоковиќ, кој во тоа време бил дури 160. играч во светот како игра против Џиниус Чиџикве од Зимбабве во дуел од Првата евро-африканска зона. Моментот е уште повпечатлив поради присуството на тогаш исто така 18-годишната Ана Ивановиќ на трибините, која потоа се етаблира како најдобра српска тенисерка на сите времиња.
„Драго ми е што на мојата земја ѝ ги донесов првите бодови. Не беше лесно. Ова ми беше првпат да играм за репрезентацијата и да го отворам натпреварувањето во Дејвис купот“, изјави тогаш Ноле.
Србија денеска почнува пресметка против Словачка, која овој пат Ѓоковиќ ќе ја пропушти.