Втората светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка се пласираше во второто коло на Австралија опен во Мелбурн.
Таа по пресвртот славеше над домашната тенисерка Сторм Сандерс со 5:7, 6:3, 6:2.
Сабаленка по нешто повеќе од два часа ја совлада 128. тенисерка во светот.
Таа седум пати го одзеде сервисот на противничката која искористи пет брејк топки. Втората носителка на првиот Грен слем турнир во сезоната ќе игра против Кинеската Ксиња Ванг, која ја победи Американката Ен Ли со 7:6, 6:3.
Естонката Каја Канепи се пласираше во второто коло откако ја победи шампионката на Австралија опен од 2016 година, Анжелик Кербер од Германија со 6:4, 6:3.
Канепи ќе игра против Чехинката Марија Бузукова, која беше подобра од Канаѓанката Ребека Марино со 6:1, 6:3.
Американската тенисерка Даниел Колинс во првото коло ја победи својата сонародничка Керолин Долхајд со 6:1, 6:3.
Противничка ќе и биде Ана Коњух од Хрватска, која со 4:6, 6:3, 7:5 беше подобра од Американката Шели Роџерс.