Петмина осминафиналисти во Мелбурн на „Австралија опен“ се познати, а се чека на последните тројца тенисери кои ќе ја продолжат битката за грем слем трофејот на терените во Мелбурн.
Фаворитите без потешкотии остварија победи, откако Андреј Рубљов за нешто повеќе од два часа го совлада Даниел Еванс со 3-0 во сетови (6-4, 6-2, 6-3). Тој за место меѓу осумте најдобри тенисери ќе оди на дуел со Холгер Руне. Младиот Норвежанец лесно го совлада Уго Умбер со 3-0 во сетови и тоа со 6-4, 6-2 и 7-5.
На останатите терени Де Минаур го совлада Бонци (3-0), Пол беше подобар од Бруксби (3-0) и Волф го совлада Мох (3-0). Се очекува во осминафиналето да се најде и Новак Ѓоковиќ, кој е фаворит против Бугаринот Димитров, и го доби првиот сет по голема борба, дури во тај брејк со 9-7.