Екипата на Арсенал го одржува чекорот со Тотенхем и се врати на минус два бода од лутиот градски ривал, откако без проблеми освои три бода против најслабиот тим во лигата.
Шефилд Јунајтед е закован за дното со само еден освоен бод, а тоа останува така и по 10 одиграни кола во најсилната англиска фудбалска лига.
Микел Артета денеска му даде одмор на капитенот Одегард, но и без него во стартниот тим, Арсенал прилично лесно ги реши работите и на крајот славеше со убедливи 5:0.
Јунак на денот беше Енкетија кој постигна хет-трик за водство од 3:0, а во самата завршница по еден гол постигнаа и Виеира од пенал и Томијасу за конечни 5:0.
Со овој триумф Арсенал сега е сам на второто место на табелата, па мирно ќе го исчекува исходот од утрешното манчестерско дерби.