Ромелу Лукаку конечно проработе оваа сезона, ги даде сите три гола за Белгија на гостувањето кај Шведска за победа од 3-0 на неговата репрезентација. Еднаш погоди во првото полувреме и двапати во вториот дел.

И Србија тргна со победа во квалификациите, славеа со 2-0 против Литванија во Белград. Тадиќ и Влаховиќ беа стрелци на головите.

Следниот противник на Македонија, Фарските острови со кои во понеделник играме пријателски меч, одиграа 1-1 кај Молдавија.

Австрија со 4-1 го победи Азербејџан, Чешка со 3-1 беше подобра од Полска, Грција со 3-0 славеше гостинска победа кај Гибралтар.

 

 

Во групата „Е“, Чешка лесно извојува убедлива победа над Полска со 3:1. Уште на стартот за нешто повеќе од 2 минути Чесите со головите на Крејчи и Цванчар водеа со 2:0. Неволјите за Полјаците продолжија и во деветтата минута кога се повреди Кеш , а во игра влезе Гамни. Полска до крајот на мечот постигна утешен гол, а тоа се случи во 87. минута кога Шимански погоди на асистенција на Скорас. Ова беше кошмарно деби за Фернандо Сантош на полската клупа. Фарските Острови кои за два дена доаѓаат во Скопје, одиграа 1:1 на гости во Молдавија.