Фудбалската репрезентација на Шпанија ја совлада Северна Ирска со 5-1 и со вкупно десет постигнати гола на последните два пријателски меча зема залет за Европското првенство. Селекцијата на Луис де ла Фуенте потсетува на онаа страшна „црвена фурија“ од периодот на Чави, Иниеста, Касилјас, Серхио Рамос…, која стана европски и светски првак.
Педри беше двоен стрелец на вечерашниот меч на Палма де Мајорка, а за шпанскиот национален тим погодија и Алваро Мората, Фабијан Руиз и Микел Ојаразбал.
Селекцијата на Северна Ирска поведе на дуелот со гол во втората минута што го постигна Даниел Балард.