Кошаркарите на Чикаго го победија Бруклин со 121:112 и ја прекинаа серијата од 12 победи на Нетс. Демар Дерозан и Патрик Вилијамс ги предводеа Булси со по 22 поени и седум скока, додека Никола Вучевиќ додаде 21 поен и 13 скока.
Во тимот од Бруклин најдобар беше Кевин Дурент со 44 поени, од кои 28 постигна во првото полувреме, додека Кајри Ирвинг постигна 25 поени со осум асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Мемфис 107-131
Кливленд – Феникс 90-88
Орландо – Оклахома 126-115
Филаделфија – Индијана 129-126 (прод.)
Њујорк – Сан Антонио 117-114
Торонто – Милвоки 101-104 (прод.)
Чикаго – Бруклин 121-112
Минесота – Портланд 113-106
Њу Орлеанс – Хјустон 119-108
Голден Стејт – Детроит 119-122
ЛА Лејкерс – Мајами 112-109
Сакраменто – Атланта 117-120