-Сме играле и порано со Бугарија, но ова ќе биде нов меч. Секој натпревар е историја, така и овој со Бугарија, подготвени сме да испишеме нова страница, изјави македонскиот репрезентативец Висар Муслиу, по денешниот тренинг.
Мечот со Бугарија е прв од новиот циклус на Лигата на нации, кој се игра на 2 јуни во Разлог.
-По она што го постигнавме во месец март секако дека сите ние сакаме да постигнеме уште поголеми резултати. Сакаме да бидеме први и секако сакаме со победа да го почнеме овој циклус на Лига на нации, вели Муслиу.